Каролина блика од среќа – овој пат со повод и добра причина!

ИЗВОРскопје24
|

Нашата најпозната поп пејачка Каролина Гочева не може да им одолее на невините насмевки, убавите малечки лица, бушавите косички и пред се искреноста кај децата, а и ретко кој би можел да остане рамнодушен.

Тешко може да се заситите од љубовта на децата, а за Каролина е добро познато дека најголема слабост и се внуките од нејзината сестра Сандра. Овој пат наместо Инес и Луција, Каролина се дружеше со дечињата од „Дајте музика“, односно им беше гостинка на снимањето во нивното студиско маало.

Очигледно е дека лицето и блика од среќа и дека се забавувала до бескрај, како таа, така и тие.

Модниот избор како и секогаш и беше непогрешлив за оваа прилика.

Облечена во црно кусо фустанче, не случајно со принт од ѕвездички, надополнето со тексас јакна и балетанки дизајнирани од Цаци Паковска.

-Пред неколку дена бев на гости во „Дајте музика и си ги видов сите другарки“- пишува Каролина во описот на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм.

Наскоро, македонската публика ќе може да ужива во нови епизоди од „Дајте музика“. Продолжението на популарното забавно-музичко шоу ќе се емитува на „Македонската Радио Телевизија“.

Во новите епизоди ќе гостуваат бројни македонски ѕвезди, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Тони Зен, Пере од Нокаут, Игор Џамбазов, браќата од Next Time, Столе Стоилов, Перо Антиќ, Дарио, Петар Младеновски од Суперхикс, ДНК, Бени Шакири и Марија Спасовска.

Тамара на снимањето ја понесе со себе ќеркичката Хана.

Официјално заврши снимањето на новите 30 епизоди од „Дајте музика“, чии автори се Лазар и Цаци Паковски. Најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.

Емисијата повторно ќе изобилува со многу музика, а новите детски хитови ги потпишуваат: Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други.