Каролина Гочева славеше роденден – Колку години наполни пејачката?

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската поп дива Каролина Гочева, вчера го прослави својот 41 роденден со најблиското семејство, а од она што го сподели на социјалните мрежи денот и оминал одлично.

Срце полно. Фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав – порача поп пејачката Каролина Гочева на социјалните мрежи, по повод нејзиниот роденден, го прослави во кафеана со чаша бело вино во рака.

Таа ја објави фотографијата и се заблагодари на честитките кои ги имаше во голем број.

Македонското девојче изгледа подобро од било кога, па може да се каже дека на неа годините не и можат ништо. На фотографијата која ја сподели пејачката таа е облечена лежерно, но стилски и со минимална шминка, па можеме да забележиме дека нејзината убавина е природна за разлика од голем број ѕвезди од регионот и изгледа помладо од кога и да е!