Каролина со „Фенди“ чанта од 1142 евра (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Каролина Гочева во моментов е во САД, по повод изложбата на нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин, во Њујорк.

Дека има одличен стил, македонската пејачка докажува со секое свое појавување, а овојпат во Менхетен се прошета во аутфит на кој многумина може да и позавидат. Имено во фокусот е нејзината каиш чанта од брендот „Фенди“ која чини цели 1290 долари или 1142 евра.

Брендовите ја обожаваат Каролина, а пак таа брилијантно се снаоѓа во улогата на модел.

Облечена во кежуал фустан со ретро шмек и висок шлиц, Каролина го откри својот најсилен атрибут – нозете.

Кога шлицот се подотвори, а Каролина го пушти чекорот голата, долга и витка нога, падна во фокусот на вниманието на обожавателите и следбениците, кои го коментираа токму тој момент.

Видеото погледнете го ОВДЕ.