Катарина Живковиќ олеснета за 5000 евра во Америка

ИЗВОРскопје24
|

Пејачката Катарина Живковиќ доживеала голема непријатност на турнејата во Америка. Имено крадец и ја украл чантата во која таа имала 5000 долари, пишува српски „Ало“, а открива извор близок на пејачката.

Поточно, Катарина, неодамна од Србија се врати во Америка за да ја продолжи турнејата. Таа доживеала вистинска драма и голема непријатност во Лос Анџелес додека со своите колеги музичари била на прошетка низ градот.

Катарина замина на американска турнеја во декември, но мораше да се врати во Србија поради претходно закажаните настапи. Веднаш штом настапи за новогодишната и божиќната ноќ, таа се врати во Америка – изјави извор близок до пејачката на почетокот на разговорот. Како што рече тој, таа била ограбена во Лос Анџелес додека го обиколувала градот заедно со колегите.

Катарина имаше можност на еден ден да го посети градот. Додека се фотографираше со мобилниот се случи да остане без чантата и парите во неа – изјави извор кој се најде на лице место, објаснувајќи:

Таа замоли еден од музичарите да се слика со неа пред филмско студио и ја испушти торбата на клупата до неа. Штом ја спушти, веднаш заборави на неа, па се концентрираше на правење на најдобрите пози за фотографијата – вели изворот, објаснувајќи дека пејачката побарала од својата колешка неколку пати да ја фотографира затоа што не била задоволна од тоа како испаднала.

„На крадецот му требаше секунда од невниманието на Катарина за да ги украде нејзините работи. Кога завршила да позира за социјалните мрежи, таа се вратила да ја земе торбата и сфатила дека е украдена – раскажува изворот и додава дека пејачката не можела да верува што ја снашло.

„Не само што ја изгуби својата скапа торба, туку го имаше и својот паричник во кој имаше околу 5.000 американски долари. Единствената среќа е тоа што нејзиниот пасош останал во сефот на хотелот, затоа што ако го донела, ќе се најдеше во уште посериозна неволја – вели изворот и додаде:

На крајот, таа го издржа сето тоа стоечки. Парите доаѓаат и одат, и таа ќе ги заработи – вели изворот.