Катица Јанева останува во притвор, одбиена понудената гаранција во имот

ИЗВОРскопје24
|

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во притвор, откако судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење.

-Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска е доставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот. По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил преседател на Основниот суд во Гевгелија.

Студирала на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година.

Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.

Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител. Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Во 2019 таа е упасена поради тоа што учествувала во случајот “Рекет” како трета осмничена.