Денес ќе има локални слаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Повеќе врнежи денес и тоа во овие претпладневни часови ќе има во источните предели од Македонија.
Потоа во следните денови ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и претежно облачно. Ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег, или мокар снег на пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Односно ветерот ќе биде од источен, југоисточен и повремено од северен правец.
Во Скопје и понатаму во следниот период ќе има повремени послаби врнежи од дожд, или од дожд и снег. На околните планински места врнежите ќе бидат само од снег.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека истите за време на викендот ќе бидат уште пониски и тогаш на планинските места ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Инаку утринава најголема снежна покривка има на Попова Шапка и таа изнесува речиси еден метар, односно 90 цм, во Маврово истата изнесува 21 цм. Најмногу дожд до сега има наврнато 54 л/м2 воден талог.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!