Ќе го победиме ли вечерва домаќинот Австрија за да го продолжиме престојот на ЕП?

ИЗВОРскопје24
|

Македонската ракометна репрезентација почнува да одбројува до почетокот на решавачките 60 минути од групата Б, во Виена, со еден од ко-организаторите на 14то Европско првенство, селекцијата на Австрија (18.15 ч.). Од исходот на овој натпревар зависи дали Македонија ќе има продолжен престој во својот шести настап на континеталните собири, или ќе ги пакува куферите и ќе се враќа назад по само три одиграни меча.

За да не им се случи ова сценарио, „црвено-жолтите“ вечерва мора да ја совладаат Австрија најмалку со два гола и самите да си го решат пласманот во втората фаза, каде во новоформираната група 1 која ќе се игра во Виена, веќе пласман обезбедија: Хрватска, Белорусија, Шпанија и Германија. Групата ќе се комплетира со двата претставника од Б групата по одигрувањето на денешните мечеви од последното 3то коло меѓу Австрија – Македонија и Чешка – Украина (20 ч.).

По неочекуваниот пораз од Чешка во 2то коло (25:27) македонската експедиција сите мисли ги насочи кон дуелот со Австрија, која има две победи по деветте кола, но се уште не е сигурен патник во втората фаза.

За да се стигне до последните два претставници во групата 1 од втората фаза има повеќе математички комбинации кои треба да бидат изведени на паркетот, а не со дигитронот во рака. Наједноставното решение е ако по комплетирањето на 3то коло две селекции се издвојат со најмногу бодови на првите две позиции, а најзамрсеното за што ќе треба и дигитронот ако патниците се одлучуваат според мини-табела на три селекции со ист број на бодови, па ќе одлучиваат головите.

Македонија како и да е мора да победи и тоа најмалку со два гола, може и со повеќе, но тогаш ако Чешка ја искористи фаворитската улога против Украина, го доведува во прашање пренесувањето на двата бода од меѓусебниот дуел, бидејќи Австрија нема да помине, а во дуелот со Чесите избраниците на селекторот Данило Брестовац останаа со празни раце. Во овој момент двата бода кои се пренесуваат во наредната фаза се помала грижа, отколку пласманот и разигрувањето во вториот круг, каде „црвено-жолтите“ ќе имаат можност да играат уште четири меча и да се изборат за подбар пласман.

Работата на македонската репрезентација може да и заврши и минимален триумф од еден еден гол-разлика, но конечниот резултат треба да биде изразен со постигнати 32 и повеќе погодоци.

Не е исклучена и варијантата Украина да приреди сензација против Чешка, па Македонија и со реми против Австрија да остане во игра за продолжен престој на ЕП, а со тиумф да биде и патникот од првата позиција во групата.

Izvor: republika.mk