Ќе настане хаос: Четири дена изменет сообраќаен режим на неколку главни улици во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Koмпанијата Виадукт трејд известува дека денес на ден 13.11.2019 (среда) ќе се започне со изведување геодетско снимање на повеќе локации во Скопје поради што на овие сообраќајници ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Истото ќе се реализира на дел од бул. 8-ми Септември од крстосница со бул. Илинден до крстосница со бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 4 (четири) дена.