Ќе никне ли панорамско тркало во Луна паркот?

ИЗВОРСкопје24
|

Советот на Град Скопје, донесе одлука за проектирање на нов забавен парк. Во состав на паркот ќе биде проектирано и панорамско тркало. По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, оваа одлука се обиде да ја оправда Никола Гаџовски, кој рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар.

-Станува збор за тематски забавен парк кој ќе привлече многу туристи. Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар. Во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што беа претходно набавени- рече Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам.

За потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки.