Ќе се фатите за глава: Погледнете за колку пари се продале очилата на Џон Ленон (ФОТО)

|

Очилата на продажба ги ставил Алан Херинг, некогашен возач на Ринго Стар и Џорџ Харисон, двајцата од бендот „Биталси“.
Култните округли очила за сонце кои припаѓаа на легендарниот рокер Џон Ленон, се продадоа во петокот на онлајн аукциската куќа „Sotheby’s“ за 147.000 евра, сума 20 пати поголема од таа што била предвидена.


Очилата на продажба ги ставил Алан Херинг, некогашен возач на Ринго Стар и Џорџ Харисон, двајцата од бендот „Биталси“.
Херинг раскажал дека ги возел тројцата во еден ден во 1968 година, а кога Џон излегол од автомобилот, забележал дека оставил очила за сонце на предните седишта и тоа делумно скршени.
– Го прашав Џон дали сака да ги поправам, а тој ми кажа: „Не го губи времето, тие се само поради стилот“ – кажал некогашниот возач кој очилата воопшто не ги поправил.
– Не ги поправив никогаш, ги оставив такви какви што беа, како што ги остави Џон – открил тој.