Нов видео спот доби официјалната навивачката песна „Македонија навива за вас“, овој пат поврзана со ракометното првенство кое за нас почнува од денес. Гласот на Тоше повторно ќе ве наежи, а во неговиот нов спот главната улога ја имаат неговите најмили, оние кои најмногу ги сакаше и кои постојано ги прегрнуваше – децата.
Како и сите подготовки за ова првенство, така и ова мотивациско видео го изработивме со неверојатна брзина но со многу ентузијазам! Им благодариме на дечињата од ,,Дајте музика” и ,,МРТ” за ангажманот, на авторот Александар Митевски за музиката и ,,Вертиго Вижуалс” за одлично сработеното! – велат од Ракометна Федерација на Македонија.
Денес го играме првиот натпревар од Мундијалот во Каиро против репрезентацијата на Шведска во 20 и 30 часот. Навивајте за нас! ЗА МАКЕДОНИЈА!! Тоше сигурно ќе биде и овој пат со нашите ракометари и се надеваме дека оваа песна ќе им донесе успех и среќа!
Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.