Ќе ве зарази колку е добра: Слушнете ја новата песна на Антониа и Панчо „Ванила“ (ВИДЕО)

loading...

„Ванила“ е најновата песна на младата пејачка Антониа Гиговска, во која гостува и познатиот аренби пејач Панчо од дуото „ДНК“.

Станува збор за брза песна со летен ритам, а како автори на неа се потпишуваат најдобрите хит-мејкери во земјава, Лазар и Магдалена Цветковски.

Спотот е снимен во една приватна вила во Скопје, а во него покрај Антониа и Панчо се појавуваат и девојките од „Бетрикс“, додека пак за стајлингот беше задолжена Викторија Бурсак, а Даниел Николовски беше одговорен за шминката и фризурата.

– Спотот е снимен пред неколку недели, но долго се работеше на него бидејќи сакавме се да изгледа совршено. Благодарна сум му премногу на режисерот Даниел Јовески, кој направи прекрасен спот. Исто така морам да му се заблагодарам и на Панчо што ја прифати понудата да ми биде гостин во оваа песна – ни изјави Гиговска.

Погледнете и уживајте: