Ќе ви биде од корист да знаете: За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата

ИЗВОРСкопје24
|

Во денешно време речиси и да нема човек кој нема познавање барем мало од компјутерите, тие се дел од секојдневието. Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата еве го одговорот.

F1 – го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм.

F2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката.

F3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент.

F4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец.

F5 – Овозможува освежување на страницата или документот.

F6 – Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи.

F7 – Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд.

F8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.

F9 – Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук.

F10 – Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик.

F11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите.

F12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд.