Ќерката на Карлеуша, Атина Тошиќ покажа дел од нејзината нова соба во луксузната вила (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Aтина Тошиќ, најстарата ќерката на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша покажа како изгледа дел од нејзината соба во новата куќа на Дедиње.

Како и секоја тинејџерка и Атина сака собата да и биде уредена со многу розови детали, а и целата соба е обоена во розово. Она што е ново, е и причината за снимањето на видеото. Таа на ѕидовите од својата соба направи прекрасно катче со многу разгледници и честитки на кои се испишани инспиративни пораки и фотографии од преубави предели и шари – сето тоа во розова боја.

Целината изгледа како ѕидот да е обоен со интересни тапети, а Атина видеото го објави на социјалната мрежа „ТикТок“. Најинтересниот дел е дека таа самата го изработи и внесе личен печат на собата.

Инаку, Карлеуша и Тошиќ неодамна купија вила вредна 3 милиони евра, од Драган Стојковиќ Пикси, која ја реновираа за да им биде украсен новиот дом, според нивниот вкус. Собата на Атина е готова и таа покажа како изгледа.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.