Ќерката на Сузана Турунџиева драстично ослабе – за се е заслужен овој човек

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора веќе подолго време е во среќен брак со сопругот Филип Наунов, а исто така се реализираше и во улогата на мајка. Убавиот пар го доби синот Јаков.

Лора важи за посветена мајка која не е премногу активна на социјалните мрежи, но многу ретко знае да сподели по некоја фотографија со синчето.

Овој пат, Лора во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со својата нова линија.

Имено, таа откри дека успеала да ослабе 11 килограми, а нејзин персонален тренер и бил нејзиниот сопруг Филип.