Кинески хороскоп: Влегуваме во Годината на стаорецот, еве што не очекува

ИЗВОРСкопје24
|

Кинеската нова година во 2020 година започнува во сабота, 25 јануари и завршува на 11 февруари 2021 година. Според кинескиот хороскоп, Годината на металниот стаорец доаѓа веднаш по Годината на земјеното прасе (2019 година).

Годината на металниот стаорец ќе биде година на свеж почеток, нови можности, љубов и пари. 2020 година дефинитивно ќе биде успешна!

Стаорецот е првиот знак на циклусот на 12-те животни на кинескиот зодијак, и од оваа причина овој период се смета за година на нов почеток и обновување.

Годината на металниот стаорец ќе биде силна, просперитетна и среќна за сите хороскопски знаци. Секој ќе покаже решеност во своите цели, аспирации, па дури и за нивните хобија. Ова е одлична година за нови идеи, нова работа и развој.

Оние кои планираат да купат недвижен имот, да започнат бизнис или да инвестираат во долгорочен проект, веројатно ќе бидат задоволни во иднина. Но, внимавајте! Овие типови иницијативи ќе бидат успешни само ако внимателно се планираат.

Почетокот на годината и првите денови од февруари ќе биде исклучително светла и мотивирачка. Добиваме како подарок нова, чиста, свежа година што започнува без грешки и без жалење.

Години на стаорец се: 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 и 2032 година.

Годината на стаорецот ќе ни донесе креативна енергија, енергија која може да се манифестира преку остварување на многу работи што ги посакувате во животот. Ќе верувате дека сè е можно, дека сте создавач на сопствениот живот и дека имате моќ да бидете оној што сакате да бидете.

Кариера и среќа

Годината на стаорецот 2020 е под знакот на металниот астрален елемент, за разлика од Годината на свињата, која е под Земјинскиот елемент. Ова значи дека во 2020 година, сите активности иницирани во новата година ќе бидат водени од успех.

Вие мора да ги следите вашите цели со доверба и решеност. Треба да бидете немилосрдни за да ги постигнете своите цели и никогаш да не дозволите да бидете обесхрабрени од можен неуспех, проблеми или тешкотии, мора да се потпрете на сопствената сила и сами да ги решите проблемите.

Љубов

По 2019 година, година исполнета со непредвидливи ситуации во љубовните афери, 2020 година ќе биде помирна. Така, вашиот љубовен живот влегува во хармоничен пат, а комуникацијата ќе биде главната движечка сила за вашите добри интимни односи.

Од друга страна, вториот дел од 2020 година доаѓа со многу недоверба што може да ве освои – каде со причина, каде заради проблеми што постојат само во вашата глава. Затоа, во овој период не треба да брзате до заклучоци со цел да ја продолжите хармонијата од почетокот на годината.

Здравје

Во годината на стаорецот, освен во моментите кога ќе се манифестира исцрпеноста, сите хороскопски знаци ќе уживаат во добро здравје. Покрај тоа, вториот дел од 2020 година доаѓа со многу енергија, така што вашата ментална и физичка состојба ќе се подобри.

Во 2020 година, вежбањето спорт ќе биде најдобриот лек и треба да се препише на секој од нас за подобрување на здравјето, долговечноста и целокупната благосостојба.

Среќни и бериќетни денови и симболи во текот на целата година на Стаорецот:

Броеви: 5, 7, 9. Бои: бела, жолта, сина, зелена, сива и црна. Среќни денови: 4, 8, 13, 22-ри ден од секој месец во кинескиот календар