Кино на отворено во Градски парк со Сорентино и Вуди Ален

loading...

Во рамките на септемвриското издание на Градски летен парк се вклучува и фестивалот на европски филм, CINEDAYS. Како најава за неговото 17-то издание, МКЦ повторно организира бесплатни филмски вечери преку Кино на отворено – продолжување на убавата приказна што започна во јуни со „Исцелител“ и „Avec l’amour“.

Филмскиот викенд ќе започне во четврток (13 септември), со темна приказна раскажана на забавен начин, еден од најпознатите вознемирувачки филмови на режисерот Вуди Ален – „Ирационален човек“(„Irrational Man“).

Веќе следната вечер, петок (14 септември) на големото платно во Градски парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ („La Grande Bellezza“) од режисерот Паоло Сорентино.

Двете филмски вечери започнуваат во 20 часот.