Кипар објави листа со земји за кои е дозволено патување на островот

ИЗВОРСкопје24
|

Кипар ја објави листата на држави за кои ќе биде дозволен влез. Листата се правешњ врз основа на епидемиолошките податоци, бројот на нови случаи, репродукцискиот број Р, како и од рангирањето на СЗО. Вкупно 22 земји се во првата, а 14 земји во втората категорија.

Во првата категорија земји со ниска опасност се Австралија, Австрија, Хрватска Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Швајцарија, Јапонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Словачка, Словенија и Јужна Кореа и за нив не се предвидени никакви рестрикции и не е потребен тест.

Во втората група земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж опасност во споредба со првата“, се Бугарија, Белгија, Франција, Ирска, Израел, Италија, Либан, Јордан, Холандија, Шпанија, Полска, Романија, Србија, Обединети Арапски Емирати и задолжителна е потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето.

Министерството за здравство на Кипар претходната листа ја објави пред 10 дена, а промените се во однос на Бугарија и Србија. Бугарските државјани се префрлени во втората категорија.

Странските туристи, пред да го посетат Кипар, задолжително е да достават барање за „Cyprus Flight Pass“ (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето. Паралелно, ќе се врши и тестирање по случаен избор на аеродромите за посетители кои пристигнуваат со одредени летови.