Кире Лазаров испиша историја во Лига на шампиони

ИЗВОРСкопје24
|

Маестро Кире Лазаов од синоќа е рекордер по бројот на настапи во ЛШ, вкупно 250, а зад тие бројки ЕХФ излезе со низа факти кои зборуваат за големината на Лазаров. Синоќешната победа на Нант во натпреварот против Киелце им донесе пласман во четвртфиналето од ЛШ, а ЕХФ излезе со посебна репортажа за легендарното име Кире Лазаров.

Клучен збор како резиме за Кире Лазаров е „ИКОНА“, збор со кој од ЕХФ образложија за сета негова фактографија сите овие сезони, низ видео материјал. Уште еднаш се докажува дека за големите спортисти, бројката на години (40), е навистина само обична бројка. Лазаров беше повторно еден од клучните играчи на Нант за победата над Киелце, иако во првиот натпревар имаа негатива.

Останува да се види дали капитенот и селектор на македонската репрезентација ќе настапува и идната сезона во Нант, а со тоа и да ја подобри статистиката во ЛШ, но и да помогне на младите ракометари на Македонија, кои под негова закрила, можат да научат многу и да тргнат по неговиот ракометен пат.

Извор: Спорт клуб