Кире Лазаров како никогаш досега со порака до Швајцарците: Што сакаш бе ти?

ИЗВОРСкопје24
|

По победата на Македонија над Швајцарија со 29-28 и освојувањето на десет бода исто колку и светскиот првак Данска, предводникот на националниот тим Кире Лазаров не заборави да испрати важна порака до Швајцарија која не потцени и заборави дека Македонија ја совлада Данска во најсилен состав.

Последните секунди од мечот беа болни за противникот, надежта за победа веќе ја немаше, а по голот на гостите за 29-28, Лазаров повика тајм-аут што предизвик ревлост на другата страна.

Кире им го покажа местото и бурно изреагира, како никогаш до сега: Што сакаш, што сакаш бе ти? Беа зборовите на Лазаров, а потоа следеше договорот со ракометарите.