Кирк Даглас го оставил целото богатство од 60 милиони долари во добротворни цели

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Кирк Даглас, кој го напушти овој свет на 5 февруари, наводно, го оставил целото богатство од 60 милиони долари во добротворни цели. Според „Мирор“, Кирк не оставил му оставил пари на својот син Мајкл, кој „тежи“ околу 300 милиони долари.

Кирк, кој беше познат по добротворните придонеси во текот на целиот живот, им оставил пари на неколку корисници. Вкупно 50 милиони долари ќе бидат донирани преку фондацијата „Даглас“, која Кирк ја основаа со неговата сопруга Ана.

Според „Мирор“, меѓу корисниците на парите на Кирк се: универзитет „Св Лоренс“, храмот Синај во Лос Анџелес, театар „Кирк Даглас“ и детска болница во Лос Анџелес.

Пред да го напушти овој свет, Кирк и Ана веќе беа во процес на правење повеќе дарежливи донации.

Ана, е негова втора сопруга, и со неа има тројца од неговите четири сина: Мајкл, Џоел и Питер.