Клоп и Симеоне прснаа во смеа по нивниот „претпазлив“ поздрав на „Енфилд“ (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Поздравувањето меѓу фудбалерите беше забрането во фудбалскиот свет поради новонастанатата ситуација, а тоа го почитуваат и сите членови на екипите кои ќе се појават на теренот.

Интересен момент се случи на „Енфилд“ непосредно пред почетокот на реваншот. Диего Симеоне тргна да се поздравува, но Јирген Клоп, во обид да го почитува правилото, се заврти налево и предизвика несекојдневен судир.

По истиот, двајцата прснаа во смеа и покажаа дека се работи за харизмиатични карактери во светот на фудбалот.

Атлетико Мадрид не успеа да ја одбрани минималната предност од првиот натпревар, но во продолженијата постигна дури три гола и го елиминира европскиот првак.