КОД – Над 300 деца во земјава немаат документи за идентификација, државата не ги гледа и живеат без здравствено осигурување

|

Над 300 деца во земјава немаат документи за идентификација. Државата не ги гледа и немаат можност здравствено да се осигурани.

Еден од нив беше и Мемет Камбер кој со помалку од 20 години живот почина без да има лична карта.

Со сличен проблем се соочува и Валентин Ракип кој иако успеа да добие матичен број по 13 години борба. Но и покрај тоа бирократијата не му дозволува да има лична карта и здравствeна книшка.