Кога ќе ја пребарате Карлеуша на интернет ќе откриете интересен „детал“ – еве што тврди Гугл за пејачката

ИЗВОРСкопје24
|

Српската поп-фолк пејачка Јелена Карлеуша им е позната на сите, и зата веројатно не сте имале потреба да пребарувате по нејзините податоци, единствено по нивните песни, спотови и фотографии. Како што е познато Карлеуша е млада пејачка која има само 42 години и е родена на 17 август 1978-та година.

Но, кога на гугл ќе ја пребарате Карлеуша и ќе го пишете нејзиното име и презиме прво што ќе ви излезе е дека таа има 62 години и дека е родена на 17 август 1958-та година.

Доколку влезете внатре на страницата на Википедија ќе прочитате дека таа е сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ и дека има две ќерки Атина и Ника информации кои се точни. Познато е дека на Википедија секој може да ги корегира податоците, но доколку администраторот ја воочи оваа грешка веднаш ќе биде сменета.

Меѓутоа иако оваа грешка е поправена, кога ќе ја пребарате пејачката се уште на почетната страница стојат нејзините погрешни податоци кој речиси не се знае дали некогаш би се абдејтувале и промениле.