Кој е подобар во лажење: Заљубениот пар Антониа и Иван ги отвоија картите (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Антониа Гиговска е секогаш во чекор со трендовите во светот, па периодов можеме да ја забележиме на Тик ток со играње, пеење, но и во интересени изданија со Иван Јованов.

Заљубените гулапчиња се повеќе се отвораат за својата врска, па така сега Антониа објави видео на Тик ток каде заедно со љубениот одговараат искрено на популарниот прашалник за парови.

Во едно од прашањата беше поставено кој од нив се заљубува побрзо, на што и двајцата одговорија дека тоа е Антониа, додека на прашањето кој ги заборава значајните датуми од врската, веднаш потврдија дека тоа е Иван.

Кој е подобар во лажење, кој се смее на погрешни места, но и кој ќе биде подобар родител во иднина се само дел од прашањата на кои одговорија. Видеата од Антониа и Иван можете да ги најдете на Тик ток профилот @antoniagigovska.

@antoniagigovska

He has a bigger butt…😂😂😂😂😂#coupleschallenge #PlaybyPlay #whoismorelikelyto

♬ original sound – antoniagigovska