Која е единствената личност на светот која законски смее да вози нерегистриран автомобил без возачка дозвола?

|

Возачката дозвола е задолжителен документ за секој кој сака во животот да управува со автомобил или некое друго превозно возило со кој се докажува (или барем треба да е потврда за) способноста за возење на одредени категории возила. Но, на светот постои една единствена лично на која никој не може да и побара ниту возачка дозвола ниту регистрација за автомобилот.

Ова е токму она што англискиот закон и го дозволува на кралицата. Според законот, никој нема основа да побара возачка дозвола од кралицата доколку ја види зад волан. Значи, ако одлучила сама да вози автомобил, може да го стори тоа, без никакви законски пречки, пишува AutoRepublika. Да речеме дека за време на Втората светска во*на, кралицата возела возило за брза помош, а исто така поминала и основна обука како во*ник.

И за да бидат работите подобри, автомобилот што го користи кралицата на Англија нема потреба ниту да се регистрира, и затоа нема регистрација. Имено, парчето лим може да ја наруши хармонијата на нејзиниот автомобил.

На кралицата не и е потребен ниту пасош и го немала кога патувала во која било од 116 -те земји што ги посетила за време на својот живот.