(ФОТО) Која е мајката а која ќерката? Лоба во водени лудории со својата мајка

loading...

Пејачката Викторија Лоба најтешко се збогува од летото и топлите денови, иако изминатите месеци посети неколку дестинации.

Како и минатата година, така и оваа Лоба е тотално предадена на македонскиот бисер – Охридското езеро, каде до последен сончев зрак ужива по езерската шир.

Деновиве друштво во водената авантура и правеше мајка и Татјана, со која уживаа возејќи се на брз глисер.

Моментите од дружбата ги објавија со некој фотографии на социјалните мрежи, а пријателите и обожавателите им порачаа дека се одлична двојка и дека ако некој не ги познава, тешко би направил разлика која е мајката, а која ќерката.

Извор: Вистина.мк