Која е идеалната разлика во години меѓу партнерите?

ИЗВОРскопје24
|

Истражување спроведено на Универзитетот Емори во Атланта покажа дека разликата во години меѓу партнерите влијае многу врз квалитетот и траењето на врската.

Резултатите од истражувањето во кое учествуваа 3.000 двојки покажаа дека двојките кај кои возрасната разлика е пет години имаат за 18% поголеми шанси да раскинат во споредба со оние кои се врсници.

Овој процент се зголемува на 39% ако партнерите имаат разлика од 10 години и на неверојатни 95% ако станува збор за разлика од 20 години.

Се чини дека колку помала е разликата во години, толку поголеми шанси има врската да не пропадне.

Но, ни врсниците не се идеални. Една возрасна разлика е идеална за долга врска – разликата од една година, без разлика кој од партнерите е постар.

Кога станува збор за романтичните врски луѓето често се грижат за разликата во години, изгледот или финансиите, иако она на што навистина треба да се фокусираат се животните вредност и карактерот.

Да ги отфрлиме застарените начини на размислување во врска со традиционалните врски и за момент да мислиме до срцето, а не со главата. Врските кои навистина успеваат се изградени на конекцијата која оди подалеку од староста на органите, бојаата на косата и бројот на кругови кои некој ги направил околу сонцето. Па дали разликата во години во една врска навистина претставува проблем?

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?
Ако барате љубовна врска која ќе го исполни вашето срце на повеќе начини, тогаш барајте човек со кого делите исти животни цели, интереси и со кого имате исти верувања. Секако, потребна е и физичката привлечност, а таа произлегува од добриот микс на енергии помеѓу двата партнери.

Мажите на било која возраст треба да имаатпочит, добра смисла за хумор, да бидат лојални, независни и да имаат силна работна етика. Тој треба да може да зборува отворено за своите чувства, а не да ги крие во себе. Ако го почитува вашето време, чувства, сонови, цели, тогаш сметајте го како опција. Не судете ги луѓето според надворешниот изглед. Ако и тој е заинтересиран, тогаш почнете да делувате и согледајте дали е рамен на вашите стандарди. Повеќето не се.

Не бидетенаивни во размислувањето дека само младите мажи не знаат точно што бараат од животот, што сакаат да работат и каде да живеат. Имајте на ум дека со мажите треба да се разговара за овие работи на било која возраст. Ако вашиот живот е среден, а неговиот не, тогаш взаемната врска не ветува многу.

За да ги заштитите своите чувства, не се предавајте целосно никому за многу брзо време. Прво треба да видите како тие се однесуваат и дали им смета разликата во годините. Исто така треба да ве третираат како да сте еднаква на него, а заедно треба да се подготвите за коментарите на другите луѓе.

НАОЃАЊЕ НА СРОДНА ДУША
Слушајте го своето срце кога ја барате сродната душа и не слушајте ги предлозите на вашите родители. Сродната душа можете да ја најдете само ако сте искрени сами со себе.

Работете на себе и на своите цели, бидете позитивни и сакајте ги луѓето околу вас. Вистинскиот маж за вас ќе го привлечете само ако го правите тоа што го сакате и уживате во животот. Ако сте мизерни и чекате некој да се појави да ве направи среќен, тогаш тоа нема да се случи. Излезете, забавувајте се, уживајте во друштвото на луѓето околу вас!