Коки Јанков се разведува по вторпат: Изгледа ќе има трета среќа

ИЗВОРСкопје24
|

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве објави листа на скандалите на јавните личности кои што ја одбележаа годинава, а меѓу нив се најде и виолинистот Коки Јанков за кого објавија дека се разведува вторпат.

Наводно, според „Бекстејџ“, Коки откако се развел од Росана, се оженил вторпат со старо – новата девојка Маја, со која бил пред Росана, но наводоно и тој брак „пукнал“, а во моментов во тек била бракоразводната постапка.

Коки од првата сопруга Росана, со која имаат и ќерка, се разведе лани по десет години брак. Неколку месеци подоцна се регистрираше со скопската адвокатка Маја Парговска, со која, пак, бил во четиригодишна врска пред врската со Росана.

Музичарот не сака да зборува за приватниот живот во јавноста.

убавина и здравје.мк