Колега сака да го исфрли Саша Поповиќ од „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Заврши и последната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а сега веќе се зборува за улогата на Саша Поповиќ во шоуто.

Како што се наведува, новите сопственици на „Гранд“ за директор го назначиле Александар Милиќ Мили, а тоа не им се допаѓа на членовите на жирито. Како што се зборува, наводно Мили има план да го исфрли Поповиќ од проектот, пишува „Скандал“.

Според пишувањата, бидејќи Саша ги создаде „Ѕвездите на Гранд“ и е член на Управниот одбор во продукцијата, неговиот збор е од посебно значење, па токму поради тоа Мили сака да го „избрка“ од тимот.

„Се зборува дека Мили сака Поповиќ да се повлече и тој да биде главен во сите случувања. Тој верува дека така ќе се стекне со угледот кој Саша со години го има. За тоа дознаа и останатите членови на жирито и сите се со Поповиќ, посебно Марија Шерифовиќ“, тврди извор за спомнатиот весник и додава:

„Од друга страна пак се зборува дека Мили е среќен што Поповиќ е тука. Знае дека „Ѕвездите на Гранд“ не би биле исти ако Поповиќ се повлече. Што ќе се случи во иднина, останува да видиме“, тврди изворот.