Колку изнесува цена на м2 во соседството!? – во Белград цената по квадратен метар достигнува и до 7.000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Пазарот за недвижнини во првата половина на оваа година има профит од една милијарда и 800 милиони евра, од кои речиси една милијарда евра се направени во Белград.

Новите сопственици имаат 47.000 недвижнини. Иако обемот на продажба е помал, количината пари потрошени за недвижнини е поголема за 200 милиони евра. Причината е поголема цена на новоградбите.

Најскапиот кавадратен метар продаден е на локации на Белград каде што неколку станови се продадени за цена поголема од 7.000 евра од квадрат. Станува збор за луксузните станови кои ќе имаат пристап и до хотелите кои се во истата зграда.

На тие локации становите се продаваат и по 2.200 евра од квадрат. Во Белград во првата половина од оваа година продадени се околу 8.000 станови. Просечната цена на новоградените станови е 1.700, а на старите станови 1.300 евра по квадрат.

„Новоградените станови ги карактеризира и зголемување на просечните цени. Тоа значи дека во староградените станови порастот на цената за становите бил од пест до осум отсто, а во новоградените за 13 отсто“ – укажува Марија Рашковиќ, началник на Одделението за проценка и водење вредност на недвижнини RGZ.

Во Белград има многу странски инвеститори, но и купувачи од странство.

„Процентуално околу 50 отсто од луѓето тоа го гледаат како инвестиција. Белград е град кој секогаш бил атрактивен, а сега кога макроекономската ситуација е стабилна, тие тоа го гледаат како сигнал дека треба да инвестираат и дека во еден момент преку издавање на таа инвестиција ќе ги вратат своите средства кои ги вложиле“ – изјавила Зорана Ачимовиќ од интернационалната консултантска куќа за недвижнини.

Во некои белградски општини продадени се станови по 600 евра од квадрат, а имало и продажба на новоградби за нешто повеќе од 700 евра од квадрат. Од друга страна пак, најатрактивните станбени блокови во центарот на Нов Белград ја достигнуваат цената од повеќе од 3.000 евра од квадрат.

„Цената се движи од 420 до 900 евра од квадрат бруто површина, зависи од опременоста, материјалот, значи тоа е производната цена. Цена на услуги, земјиште, опремување на земјиште, проектирање, комуналии, знаат во поголем дел од случаите да ја преминат цената на произведување“ – вели Горан Родиќ од Градежничката комора Србија.

Најмногу луѓето купуваат станови во готово. Просечна цена на станови кои се купени на кредит е 1.300 евра од квадрат.