Колку може да возите со гориво на резерва

ИЗВОРСкопје24
|

Динг, сијаличката за гориво на вашето возило повторно се вклучи. Тоа значи дека треба да ја посетите најблиската бензинска станица, но колку навистина може да поминете на резерва? Дали може да стигнете до дома или да ставите гориво на враќање?

Нема правило колку точно литри гориво имате кога ќе се вклучи сијаличката за резерва, но, генерално, тоа е околу 10 до 15 проценти од капацитетот на резервоарот. Доколку знаете колку собира резервоарот, како и која е просечната потрошувачка на вашето возило лесно може да направите пресметка уште колку километри може да поминете.

Доколку не знаете колку точно собира резервоарот на возилото или сте заборавиле, генерално, тоа се движи од 40-45 до 60-65 литри, во зависност од големината и моделот, па може да очекувате да поминете од 40 до 60 километри на резерва.

Не е паметно да возите премногу долго на резерва, бидејќи ризикувате да останете целосно без гориво и да треба да викнете помош или, пак, да ја оштетите пумпата за гориво, која кај некои модели целосно треба да биде во гориво, за да може да се лади и функционира правилно. Друг проблем со возењето на резерва е паркирањето.

Ако возилото го паркирате навалено на една страна, може да се случи да ја погодите погрешната страна и доколку сте на резерва, пумпата да не може да повлече доволно гориво при повторно стартување на моторот.