Колку омекнувач и да ставите алиштата „смрдат” во зима – трик со кој домаќинките ќе немаат мака

|

Колку и да мириса силно прашокот и колку и да ставаме омекнувач, во зима е тешко алиштата на студот да не се умирисаат.

Сушете ги алиштата на сушара и само проветрувајте, а никако не ги сушете алиштата надвор или на парно.

Секогаш оставете простор на сушарата, не ја полнете целосно со алишта за да има простор и да дишат. Ако има сонце задолжително изнесете ги алиштата надвор.

Ако немате машина за сушење има еден трик, ставете во машината по перењето пешкир кој е сув и тој ќе ја впие влагата.

Инаку, сушењето на испраната облека дома може да предизвика сериозни здравствени проблеми, предупредуваат британските научници. Облеката на радијаторите ја зголемуваат влажноста на воздухот со 30 проценти.

Оваа влага излегува дека е идеална средина за виреење на опасни организми. Специјалистите предупредуваат за опасноста од спори на Asperigillus fumigatus кои ја предизвикуваат болеста аспергилоза. Оваа габична инфекција влијае на респираторниот систем.

Почетните поплаки се кашлица, диспнеа и треска. Подоцна се забележува општа слабост, висока температура и губење на тежината. Болеста се одвива со затишје и егзацербација.

Проф. Дејвид Денинг од Националниот центар за аспергилоза во Манчестер истакнува дека во Велика Британија се забележува остар скок на случаите на оваа болест. Тој советува во никој случај да не се сушат перените алишта дома, бидејќи влажните алишта содржат околу 2 литри вода кои испаруваат во просториите.

Повеќето луѓе имаат доволно силен имунолошки систем, за да се изборат со астпергилите кои се развиваат во влажна средина. Но, луѓето со послаба заштита на организмот се особено ранливи. Во ризиците спаѓаат и астматичарите.

Аспергилозатата може да им предизвика фатални оштетувања на белите дробови. Експертите советуваат перењето да се суши или во машини за сушење, или надвор, но во никој случај во просториите во кои спиеме или се храниме.