„Кому му е потешко?“: Шеф Никола покажа како изгледа кога со сопругата купуваат тави за дома (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

За врвното кулинарско мајсторство на шеф Никола од шоуто „Брза кујна“, би било излишно да се зборува.

Гледачите на оваа кулинарска емисија за брзо готвење, добро знаат дека Никола е маестро во својата работа кој секојдневно изненадува со својата инвентивност, брзина и снаодливост во кујната.

Многумина, особено припадничките на понежниот пол веројатно помислиле колку ли неговата сопруга има среќа со шеф во домашната кујна кој во секое време може да приготви ресторански специјалитет и тоа зачинет со љубов.

Никола не многу често на социјалните мрежи објавува детали од приватноста, но понекогаш знае да сподели некој интересен момент со сопругата или таков кој потсетува на нив, како во случајов.

Имено, тој објави видео од кое покажа како изгледа кога тој и негова Стефанија би купувале тави во продавница, а ситуацијата ја спореди со една двојка од видео кое го најде од интернет.

Când prinzi promoție la tigăi, da' apare Satana și-ți taie elanu'! 😜

Gepostet von Radu Petre am Montag, 25. November 2019

Додека тој би ја тестирал тавата за трикови во мешањето, таа би ја тестирала за тоа колку е издржлива тавата за удирање.

Впрочем, во ваква ситуација, кога партнерот е шеф во кујната, навистина да не знаеш кому му е потешко. На сопругата да се докаже или на сопругот пофесионалец кој работата секогаш си ја носи и дома?

Извор: Вистина.мк