(ФОТО) Концертот на Анастасија во полупразна сала

loading...

Анастасија го почна концертот во салата „Борис Трајковски“ со енергичен настап. Сепак, не успеа да ја наполни салата како други светски изведувачи. Со неа на сцена имаше петчлен бенд кој ги свиреше песните во живо и два пратечки вокала.

Анастасија рече дека е многу возбудена и дека првпат настапува во Македонија.

Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно не се разликуваше од оние во другите европски метрополи во кои што Анастасија ќе го претстави својот нов албум. Покрај песните од истиот, на сцената во „Борис Трајковски“ присутните имаа можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.

Анастасија од 2000 година, кога почна нејзината популарност има продадено 52 милиони албуми. Првиот албум во 2000 година ѝ донесе голем светски успех. Следната година е прогласена за најдобар поп женски изведувач, а во 2002 година ја испеа химната на Светското првенство во фудбал. Во 2005 година светски хит кој уште се пее, стана нејзиниот дует со Ерос Рамазоти, I Belong To You.

Анастасија направи пауза во кариерата од 2006 до лани, а Скопје е дел од нејзината повратничка турнеја Evolution.