Кончита светот го освои како брадеста жена – Сега стана маж, а еве што мислат интернет корисниците

ИЗВОРСкопје24
|

Кончита Вурст, човекот што победи на Евровизија во 2014-та година, го изненади светот кога се појави во златен фустан, со долга коса, брада и шминка. Со години беше препознатлива по долгата и црна коса и брадата. Меѓутоа, неодамна ја скратила косата и станала русокоса, а сега отишла и чекор понапред.

Имено, таа повторно станала бринета, косата и понатаму ѝ е кратка, а сè повеќе се промовира со мажествен изглед.

Да потсетиме, Кончита не е првиот транвестит кој победи со песна за Евровизија, но секако поткрена најмногу прашина. Родена е како Томас Нојвирт во Австрија, а ја шокираше јавноста во 2014-та година, кога на сцената на најголемиот музички натпревар се појави како брадеста жена со долга коса и фустан. Оттогаш започна нејзиниот успех во музиката, а покрај тоа, напишала книга и го позајмувала гласот на анимиран јунак во филмот „Пингвините од Мадагаскар“.

Сега одлучила да се појави под вистинското име Томас, а не како Кончита.

Кончита минатата година го изненади светот кога објави дека е ХИВ позитивна. Таа поради заканите од поранешното момче признала дека веќе долго време живее со тој вирус. Пејачката исповедта ја сподели на социјалните мрежи, а навела и дека се лечи откако дознала за дијагнозата.