КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ: Лила Филиповска откри кој и е спонзор на луксузното патување во Анталија

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата ТВ водителка и највлијателен инфлуенсер во Македонија, Лила Филиповска деновиве е на одмор во преубавата Анталија. Таа не замина сама туку со својот асистен Спасе, кој ја придружува на секое нејзино патување.

На ова таканаречено Велигденско патување Лила им покажа на своите следбеници што е вистинско уживање, а воедно и топла препорака дека Анталија е туристичката дестинација за ова лето. Убавата водителка преку своите објави на Инстаграм ја доловува Анталија токму како место кое задолжително треба да се види. Преубавото море, ситната песок и сончевите зраци дефинитивно се она што ни треба на сите, а токму овие убавини ја натераа и Филиповска да го покаже сиот свој раскош со кој располага.

Доколку го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм ќе забележите дека таа ужива во кралски третман во хотелот каде што е сместена. Има поглед од собата која е воодушевувачки, до појадок на тераса со полна трпеза карактеристична за Турција, букет рози, доволно за да заклучиме дека Турците се домаќинки во вистинска смисла на зборот, а Лила навистина ужива максимално.

Она што ги интересира повеќето е кој ги финансира овие луксузни патувања на Филиповска. И додека низ социјалните мрежи се шират разни муабети Лила реши да им стави крај, па накусо одговори на коментарот даден под една нејзина објава.

Водителката ја означи туристичката агенција Фибула травел, што значи спонзорот на ова нејзино луксузно патување во Анталија не е никој друг, туку агенцијата преку која таа патувања, односно се работи за Фибула травел.