Конечно тестирано лицето кое е суспектно на мајмунски сипаници

|

Кичевчанецот кој пред околу недели се вратил од Австрија, и е суспектен на мајмунски сипаници, конечно е тестиран и е во изол ација, потврдуваат за Канал 5 од Комисијата за заштита од заразни болести.

Доколку нема некој неочекуван проблем при транспортот или обработката на материјалот, резултатите треба да се познати за 20 часа, појаснуваат оттаму. Во меѓувреме, државните институции по наредба на Министерот за здравство веќе испратиле инспектор до неговиот дом за да му достави и решение за здравствен надзор што вкучува тој да патува до Битола за да се јавува во Центарот за јавно здравје таму, оти Кичево е под нивна надлежност. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека во најкусо време изработиле решение, за кое информирано е и МВР.

-Државниот здравствен и санитарен инспекторат, по барање на Министерот, кое уследи по препораката која ја даде Комисијата за заштита од заразни болести утрово изработи решение за здравствен надзор, а веќе е испратен инспектор кој треба да го достави до адресата на пациентот. Според решението, пациентот мора да се јавува во Центарот за јавно здравје Битола, секој ден или во зависност од препораката на епиде миологот кој го следи – вели Д-р Ирина Сотирова Бухова –ДСЗИ.

Инаку, неколку дена надлежните се обидуваа да го тестираат сомнителниот пациент. Вчера епидем иологот не го нашол дома, па разговарал само со членови на неговото семејство, кои ќе бидат тестирани само доколку во наредните 3 недели пројават симптоми. Ако одбијат и за нив ќе се постапува со решение од Инспекторатот.

Според надлежните, во моментот во државата има 3.300 тестови за мајмунски сипаници, а анализите се прават само во ИЈЗ. Од Комисијата за заштита од заразни болести велат дека нема простор за пан ика, бидејќи не се очекува драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници, па отфрлаат можност за реприза на она што се случува со кор онави русот.