Конечно видени заедно: Душко славеше роденден, а Карлеуша не ја тргна насмевката од лицето

ИЗВОРСкопје24
|

Душко Тошиќ на 19 јануари го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели и роднини.

Она што медиумите го забележаа беше присуството на Јелена Карлеуша која не ја симнуваше намевката од лицето. Парот инаку подолго време не е виден заедно по информациите дека Душко има нова жена.

Додека Душко ги дуваше свеќичките, неговата сопруга цело време беше насмеана и го бодреше. На роденден присуствуваше и мајката на Душко, Николета која одлично се согласува со тетката на Јелена.