Копија на мама: Синот на Даниел Кајмакоски порасна во прекрасно момче (ФОТО)

loading...

Пред две години во медиумите како бомба одекна веста дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски станува татко. Тој го криеше својот приватен живот, па не зборуваше многу за својата љубов, па токму веста дека ќе се жени и ќе стане татко ги изненади многумина.

Даниел и неговата сопруга во февруари пред две години станаа родители на нивното прво дете односно синчето Давид.

Оттогаш, Даниел се повлече од музичката сцена и ужива во родителството. Своето време максимално го посветува на синот Давид и сопругата.

Откако се роди Давид, мојот живот доби комплетно нова димензија. Уживам во времето кое го минувам со него и максимално сум му посветен. Многу сме блиски и поврзани, се трудиме, колку можеме, времето да го минуваме во природа, играме игри, сакам да има детство какво што сум имал и јас, без мобилни телефони и технологија”, изјави Даниел во една прилика.

Синот на Кајмакоски во февруари ќе наполни две години, а се повеќе личи на неговата мајка односно сопругата на Даниел.

Инаку, неодамна Даниел неодамна најави дека се враќа на музичката сцена и дека наскоро ќе го промовира својот нов проект на кој работеше претходните години.

Ивор: Вистина.ком.мк