Ковачевски: Нема да има рестрикции кај домаќинствата, струјата нема да поскапи

ИЗВОРТелма
|

Спротивставени ставови на менаџментот во државните енергетски компании во земјава. Откако првиот човек на МЕПСО, Куштрим Рамадани предупреди дека земјава е пред енергетски колапс, поради недоволното домашно производство на струја, од државните електрани уверуваат дека домаќинствата ќе имаат сигурна испорака на електрична енергија и нема да има зголемени цени.

Дали Македонија е пред сериозна опасност да остане во мрак или менаџментот на државните енергетски компании ќе најде излез од енергетската кризата пред која е исправена земјата. Менаџментот на ЕСМ, најповиканата државна енергетска што треба да обезбеди струја за домаќинствата уверува дека рестрикции нема да има. Но само ден претходно директорот на преносниот оператор Куштрим Рамадани – предупреди дека земјата е пред енргетски колапс.

Состојбите во овој сектор ги следи Огнен Чанчаревиќ, кој разговараше со директорот на ЕСМ, Ковачевски.