Кози слободно шетаат „на корзо“ во Карпош 4 (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Глобалниот застој и помалото присуство на луѓето во градовите, поради мерките кои ги преземаат државите за заштита, доведе до тоа многу животни слободно да се шетаат по улиците.

Во вакви услови не е чудно да се видат кенгури на улица во Австралија, мајмуни кои ги истражуваат напуштените улици во Тајланд, делфини кои пливаат и бараат забава помеѓу празните гондоли во Венеција и што уште не…

Така денеска на улица во скопски Карпош 4 слободно се прошетаа две кози. Не е јасно од каде дојдоа, ниту пак, дали имаат сопственик, па „му избегале“ на корзо по празните улици. Не беа ниту особено исплашени што се во градско опкруживање… Мирно си ја освоија улицата!

Извор: Вечер / Фотографија: Трајче Китановски