Крај на љубовта помеѓу Неџла и Бали бег

ИЗВОРСкопје24
|

Бурак Озџвит познат како Бали бег од серијата „Величенствениот“ и Фахире Евџен позната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“ важат за една од најубавите двојки меѓу турската јавност. Но турските медиуми јавуваат дека деновиве, Фахрије и Бурак не можат да ги решат брачните несогласувања.

Во однос на висината на хонорарите што ги добиваат, турските актерки полека им се приближуваат на холивудските колеги, но по убавина, сигурно се на неколку чекори подалеку. Тие се егзотични и заводливи, со шармот на безвременската убавина. Но, дека овие работи не се доволни за среќа, докажува и турската убавица Фахрије Евчен, која последните денови беше во центарот на вниманието поради се’ почестите гласини за развод.

Имено, турските медиуми „зујат“ за фактот дека нејзиниот брак со Бурак Озџивит е дефинитивно завршен. Откако, актерката паднала во депресија по заминувањето на нејзиниот татко, кој долго време се бореше со р*к на желудник.

Познатиот „Бали бег“ сакал да и помогне и се грижел за нивниот син, но не го послушала предлогот на нејзиниот сопруг да посети психолог. Сепак, најголемиот проблем на најубавиот пар во Турција, како што често ги нарекуваат, е воспитувањето на нивниот син. Како што тврди близок извор на парот, двајцата немаат ист став за одгледување дете, поради што многу често се во конфликт.

Блиски извори тврдат дека Бурак е на работ на трпеливост, иако тој ја сака својата сопруга и повеќе нема сила да се бори против нејзиното лошо расположение. Сепак, Фахрије е подготвена да го задржи сопругот, па реши да паузира од враќањето на сцената.