Крај за нелојалната конкуренција во сметководството

loading...

За утре 10 септември најавено е Собрание на Институтот на сметководители и овластени сметководители. Како што дознаваме истото е продолжение на седница на собрание каде по консултации во подружниците низ Републиката биле донесени предлог акти, но кои на минатата седница не биле доставени до претставниците на подружниците на Собранието. Собранието согласно овластувањата од Законот за вршење на сметководствени работи ќе ги разгледува доставените документи, но и ќе дискутира за теми кои како изјавуваат се голем проблем во изминатата година како што се нелојалната конкуренција и сметководители кои работат нелегално и спротивно на позитивните законски прописи во Република Македонија, но и истакнување на предлози за превземање на конкретни чекори за нивно отстранување од пазарот кој го нарушуваат со нелојално делување.

Од изјави од членови на Собранието, од страна на неформална мала група од десетина сметководители за кои има индиции дека работат спротивно на законот има континуирани обиди да го саботираат работењето на Институтот и да предизвикаат прекини во неговото работење како би можеле да продолжат со нивните лукративни делувања на вршење на сметководствени работи, а спротивно на законот. Од малата група имало обиди на минатото собрание со насилна акција истото да биде прекинато со цел нарушување на редовна седница на собрание на Инстотутот, а како не би биле донесени акти за континуирано работење на Институтот во согласност со закон. Како што дознаваме во последниот квартал од годината ќе отпочне акција за регулација на оние кои работат спротивно на етичките стандарди на сметководствената фела.

Нелојалната конкуренција и работењето без стандарди во сметководтвото се еден од клучните проблеми и на банкарскиот сектор. Како што вели и анализата на банките од Конференцијата за мали и средни претпријатија од јули годинава, најголемиот проблем зошто банките се резервирани во кредитирањето на малите и средни претпријатија е добивање на несоодветна и неажурирана сметководствена документација од страна на нелиценцирани сметководители поради што банките не се во можност да ја согледаат реалната состојба на билансните позиции. Од оваа причина воведување на ред во сметководствената дејност е неопходно и се наметнува како приоритет за сите мали и средни претпријатија, а исто така и целосна имплементација на Законот за вршење на сметководтсвени работи.