Кралицата Елизабета Втора се бор ела со многу сериозна форма на ра к во последните месеци од својот живот, се вели во најновата биографија напишана од Џајлс Бредрет, пријател на принцот Филип, пишува „Mirror“.
Во својата нова книга „Елизабет: Интимен портрет“, Брандрет тврди дека кралицата имала ретка форма на р ак на коските.
– Слушнав дека кралицата има форма на миелом – ра к на коскената срцевина, што може да објасни зошто била постојано уморна и имала проблеми со движењето во последната година од животот. Најчестиот симптом на миелом е бо лка во коските, особено во карлицата и грбот. Оваа бо лест најчесто ги погодува постарите лица, напиша тој.
Во моментов не постои л ек за болеста, но некои третмани може да го спречат слабеењето на коските и да ја намалат сериозноста на симптомите, како и да го продолжат животот на заб олените за два до три месеци.
Брандрет, исто така, тврди дека Елизабет имала периоди кога се чувствувала многу лошо, но сепак била решена да продолжи со своите должности по см ртта на принцот Филип во април минатата година.
Официјалната причина за см ртта на кралицата е староста.