Краток хороскоп за 2020: Исполнување на голем сон за Биковите, судбинска средба за Стрелците

ИЗВОРСкопје24
|

Според кинеската астрологија, 2020 е година на Стаорецот, знак кој е симбол на амбициозност, посветеност и брзина. Астролозите истакнуваат дека во 2020 година доаѓаат убави промени за знаците.

Овен – време е за нови победи

Бевте многу вредни во 2019, а во 2020 време е да ги соберете плодовите од својот труд. Оваа година ќе им донесе среќа и просперитет на оние кои се потпираат на себе и не се сомневаат во својот успех. Успехот нема да ви падне од небо, туку веќе имате апсолутна заслуга за тоа што ќе го добиете. Ве очекуваат нови победи, ќе имате поттик за остварување на своите амбиции.

Бик – исполнување на еден голем сон

Бикот секогаш тежнее кон реалност и никогаш не прави нереални планови. Меѓутоа, во текот на 2020 година ќе се промени погледот на животот, односно родените во овој знак ќе го добијат тоа што одамна го посакувале. Елементот на земја управува со 2020 година, а тоа значи дека Бикот како земјен знак ќе има голема шанса за развој на кариерата, но и финансиска благосостојба.

Близнаци – ќе почувствувате голема животна радост

Близнаците се радуваат на промените со отворено срце и голема доза на оптимизам, па за нив секоја година носи нешто позитивно. Оваа година ќе биде особено необична за Близнаците. Иако доаѓа мирен период, сепак Близнаците ќе најдат милион начини да се радуваат. Ве очекува голема радост, но и откритија, патувања и познанства.

Рак – враќање на убаво минато

Успех во наредната година ги очекува оние Ракови кои се подготвени да работат на себе и да се посветат на една зацртана цел. За Раковите, следната година ќе биде одлична за обновување на стари врски или враќање на нешто што го изгубиле во минатото. Ова е совршен период за обновување на старите односи и завршување на незавршените работи. Осврнете се на работите кои ви недостасуваат, потрудете се да ги вратите.

Лав – никогаш не се откажувајте

Лавовите ги очекува тешка, но многу важна година. Ова е период кога треба да покажете упорност и креативен потенцијал. Во 2020 година, научете нешто ново, испробајте се во нова професија или променете го кругот на пријатели. Ве очекува непредвидлив период на промени, а многу ќе го сменат и местото на живеење. Нема потреба од страв, секоја промена нека биде добредојдена.

Девица – време е за семејна радост

Долго чекавте животот да ве награди за вашиот труд. Радувајте се, бидејќи оваа година ви носи среќа, особено кога станува збор за приватниот живот. Во претходните години, постојано се трудевте да воспоставите добар однос со саканата личност, да бидете добар родител или да го решите станбеното прашање. Оваа година ви го носи сето тоа. Радувајте се.

Вага – време е за хармонија

Изминатата година, вашиот живот беше исполнет со рутина на секојдневни грижи и недостаток на романтика и уживање. За среќа, конечно 2020 носи убави промени. Подгответе се за период на уживање. Конечно ќе можете да се опуштите, да почувствувате мир, да уживате и да почувствувате вистинска хармонија.

Шкорпија – позитивни промени

Другите ве нервираат, а ви делува како животот да не е премногу интересен? Со доаѓањето на 2020, работите се менуваат. Следната година е најубав период за да го смените својот живот, и тоа драстично. Не обрнувајте внимание на проблемите, тие ќе бидат мали ситници во однос на убавите моменти кои следат. Шкорпиите секогаш одат против правилата, затоа слободно можете да ги срушите стереотипите.

Стрелец – судбинска средба

Додека другите чекаат среќата да им се случи, вие уживате. Но, свесни сте дека за вистинска хармонија потребни се уште неколку ситници. Во 2020 ќе го најдете тоа што ви недостасува. Пред вас е судбинска средба, која ќе го донесе тоа што го чекавте, можеби и цел живот. Работите ќе се сменат драстични, во ваша корист. Една судбинска средба ќе ви го смени целиот живот.

Јарец – ќе најдете време за себе

Се грижите за другите луѓе со години, трошите време и енергија за да вашите сакани не би морале ништо да прават, а цело време заборавате на себе. Годината која што е пред вас конечно ви носи можност да обрнете внимание на себе и своите потреби. За што сонувате? Во 2020 имате многу можности да го остварите својот сон.

Водолија – ќе се фокусирате на најважното

За родените во овој знак, 2020 ќе биде тешка и напната година. Нема да ве очекуваат многу финансии или пак возбудливи ситуации. Сепак, ќе имате можност да ја постигнете целта кон која се стремевте во 2019. Овој период е добар за таа цел, само морате да се фокусирате на тоа што е најважно.

Риби – останете позитивни

За вас, следната година ќе биде се само досадна не. Ќе се ослободите од своите внатрешни потенцијални стравови, но и тензии. Оваа година ќе дојдете до едно интересно хони или ќе се вратите на старо место за кое порано немавте време. Ќе се појави личност која на некој начин ќе ве инспирира да бидете подобра верзија од себе. Убава година е пред вас.