Кристијан Ниневски го фати Светиот крст во Скопје

ИЗВОРскопје24
|

26-годишниот Кристијан Ниневски по втор пат го фати Светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје.

Тој исто така беше најсреќниот и најбрзиот и минатата година во Скопје.

-Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Ппосакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок – кажа Кристијан.