Кристијано Роналдо ја пронајде девојката која му давала храна кога бил сиромашен

ИЗВОРскопје24
|

Минатата недела Кристијано Роналдо изјави дека како тинејџер бил многу сиромашен и дека често немал што да јаде. Во интервју за Good Morning Britain изјави дека би сакал да ги пронајде девојките кои му давале храна.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со другите играчи врсници од други делови на Португалија. Ми беше тешко без родителите. Во една продавница на McDonald’s добивавме хамбургери кои остануваа непродадени. Таму работеше жена по има Една и уште две девојки, многу би сакал да ги пронајдам“, изјави тогаш Роналдо.

Една од жените кои му давале бесплатно храна на Роналдо е Пола Лека која изјави дека би ја прифатила поканата за вечера со славниот фудбалер. Таа раскажа како го запознала Роналдо.

„Ќе се појавеа пред ресторанот и кога би останале неколку хамбургери непродадени нашиот менаџер ни дозволуваше да им ги дадеме. Меѓу децата беше и Кристијано Роналдо кој беше и најплашлив. Доаѓаа секоја вечер“, вели Пола.

Таа вели дека денес нејзиниот син не ѝ верува дека му давала хамбургери на славниот фудбалер.

Сето ова се случувало во 2000 година, кога Роналдо живеел во тешки услови.

Инаку напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека не планира во скоро време да стапи во брак. Тој за својата девојка Георгина Рондигес, која е мајка на неговите две деца, вели дека е неговата најголема љубов во животот.

– Најава за брак? Не сега, не можам да го потврдам тоа во ова интервју. Ова не е приоритет. Но, во целина, зошто да не. Еден ден. Не дека јас го избегнувам тоа – рече Роналдо во интервјуто за Пирс Морган.

На констатацијата на Морган дека Роналдо веќе има 34 години и четири деца и дека го избегнува стапувањето во брак, изјави:

– Не ме форсирај, те молам! Еден ден ова ќе се случи. На крајот на краиштата и мајка ми исто така, сонува за тоа. Затоа ќе се случи еден ден – нагласи Роналдо.