Кристина, поранешната жена на Кајмакоски, славеше роденден и откри со кого го дели овој посебен ден

ИЗВОРСкопје24
|

Нашата македонска убавица, модел, мисица, фитнес тренер и пејачка, Кристина Димитриевска има ден за славење – нејзиниот роденден кој е поразличен и посебен во нејзиниот семеен дом во Тетово.

Имено, убавата Кики откри дека пред 24 години нејзината мајка на својот роденден ја родила неа и го добила најубавиот подарок што може да го добие една жена.

Сега на ист датум мајката и ќерката слават роденден, а како што вели Кристина тие си се подарок една на друга:

-Јас и ти сме најубавиот поклон една на друга…Фала што ме роди на твојот роденден…Овој ден е посебен – напиша Кристина во описот на фотографијата каде е стисната до мама.

Среќен роденден на овие посебни дами!