Кризниот штаб на Гевгелија бара полициски час

ИЗВОРСкопје24
|

На денешната седница на кризниот штаб на општина Гевгелија побарано беше од главниот штаб да се воведе полициски час на територијата на општината од 21.30 до 5 часот наутро секој ден се до стабилизирање на состојбата.

Покрај ова се бара, за територијата на Општината, да се преиспита зголемувањето на пополнетоста на автобусите на 75 отсто и таа да се врати на 50 отсто, како што беше претходно. Општинскиот кризен штаб на Гевгелија, се наведува, бара враќање на претходните рестриктивни мерки.

Од денеска, како што посочуваат од Кризниот штаб, се забрануваат групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива вода и Негорски бањи како и во планинските села Конско, Серменин и Ума.

На ЈПКД „Комуналец“ му е наложено да продолжи со дезинфекцијата на улиците и јавните површини, од надлежните служби, се посочува, се бара да ја засилат контролата во поголемите населени места и да се реактивираат патролните екипи.

Сите членови беа едногласни во донесувањето на денешните заклучоци и мерки.